БАКРАЧЕСКИ ВО ПАРИЗ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ИРИНА БОКОВА

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес во Париз се сретна со Генералната диркеторка на УНЕСКО Ирина Бокова, на која и ги предочи проблемите со кои се соочува Охрид, а се поврзани со функционирањето на колекторскиот систем.
 


Градоначалникот детално и целосно отворено ја запознал Бокова со резултатите од анализите кои ги направи јапонскиот институт ЏАЈКА а кои покажаа оштетувања на системот за одведување на отпадни води, заради што при обилни врнежи доаѓа до мешање на атмосферските води со фекалните , што пак резултира со неможност колекторскиот систем да ги одведе и преработи тие количини на вода.
 
На средбата со Бокова присуствувале и највлијателните луѓе на УНЕСКО во Париз, од сите дивизии на оваа светска организација.
 


БОКОВА СО ЈАСНА И НЕДВОСМИСЛЕНА ПОДДРШКА ЗА ОХРИД
 
Генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова на средбата изразила јасна и недвосмислена поддршка за изнаоѓање на решенија за проблемите со кои се соочува Охрид, а за кои детално ја запознал Бакрачески.
 
Според договореното, се очекува во февруари мисија на УНЕСКО да дојде во посета на Охрид кога ќе се продолжи со разговорите околу можностите да се дојде до излезни решенија и да се разгледаат сите можности за да се обезбеди помош за решавање на проблемот.

ПРВА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОХРИД СО ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА УНЕСКО
 

Ова е прва средба која ја остварил која било кој градоначалник на Охрид до сега, од како е ставен Охрид и езерото на листата на заштитени природни и културни богатства на УНЕСКО. Средбата се оствари на барање на Градоначалникот Никола Бакрачески.
 
Ирина Бокова се смета за една од највлијателните жени во дипломатските кругови во Париз, а кога се зборува за нејзиното реноме, интересно е да се напомене дека таа влезе и во потесен круг на изборот за прв човек на Обеднинетите Нации.