Замрзнаа водопадите на Нијагара

Толку е студено во Северна Америка што се замрзнаа и некои делови на Нијагарини Водопади. Студениот бран што го погоди западот и североистокот на САД од Нијагарини Водопади направи замрзнувач.

Посетителите овие денови постојано објавуваат фортографии од неверојатната глетка, а изгледа како водопадите да удираат во чист мраз.

 Сонцето излезе речиси само на 15 минути, се смрзнав на -25 степени, рекла една жена која била сведок на ледената глетка.