Црниот биланс по пробивањето на рударскиот насип во Бразил се зголеми на 58

Бројот на жртвите по големиот колапс на браната „Брумадињо“ во југоисточниот дел на Бразил на 25 јануари се зголеми на 58, а 305 лица остануваат исчезнати по трагедијата, се вели во изјавата на Службата за итни случаи во државата Минас Жераис.

Службата за итни случаи наведе дека се потврдени 19 нови смртни случаи.

Претходно, локалните медиуми објавија дека судот во југозападна бразилска држава Минас Жераис замрзнал 5 милијарди реали (1,3 милијарди долари) на банкарски сметки за бразилската рударска корпорација „Вале“, чија земјена структура е причина за несреќата.

Во петокот наутро, Браната во сопственост на бразилската рударска корпорација во општината Брумадињо во Минас Жераис, се урна во петокот предизвикувајќи наплив од отпаден талог.

На 5 ноември 2015 година, рударската компанија „Вале“ беше одговорна за слична трагедија кога друг насип се урна и уби 19 лица. Токсичната тиња од таа несреќа продолжува и до ден-денес да истекува во јужниот дел на Атлантскиот Океан како резултат на катастрофата.