На воланот на автомобилот повеќе бактерии отколку во тоалет

Една американска компанија која што се занимава со изнајмување на автомобили спровела истражување за тоа колку се валкани воланите на возилата.Во истражувањето учествувале илјада испитаници кои одговарале на прашањата колку често ја чистат и дезинфицираат внатрешноста на своите автомобили. Податоците биле шокантни, бидејќи 32 отсто од возачите, односно 320 од 1.000 ретко чистеле. Тие рекле дека внатрешноста на автомобилот ја чистат еднаш годишно.

Националниот центар за биотехнологија соопшти дека внатрешноста на автомобилот е меѓу највалканите места на Земјата и дека може да биде четири пати повалкано и од јавен тоалет. Тоа е непријатната вистина со оглед на фактот дека луѓето секојдневно се во контакт со воланите во автомобилите.

Мерејќи ја просечната количина на бактерии по квадратен сантиметар, односно единица која формира колонија (ЦФУ) било утврдено дека воланите имаат 629 ЦФУ, просечниот екран на смартфон има 100 ЦФУ, копчињата на лифт 313 ЦФУ, а ВЦ школките во јавни тоалети 172 УФЦ.

Тоа што загрижува е фактот што двете најчести бактерии во внатрешноста на автомобилите се стафилокока, која предизвикува различни болести како труење со храна, инфекција на кожата, како и бактерија која може да предизвика воспаленија и инфекции. Тоа се само двете најчести бактерии, а во внатрешноста на автомобилот може да има околу 700 различни слоеви на бактерии.Најчест извор на бактерии во автомобилот е конзумирањето храна во автомобилот.