Во престрелка во Хјустон повредени пет лица, напаѓачот убиен

Шефот на полицијата на Хјустон Арт Асеведо синоќа објави дека пет полицајци се повредени во престрелка која се случила во југоисточниот дел на градот, а осомничениот е убиен.

Местото на престрелката се наоѓало во станбена населба, во близина на локалното средно училиште „Милби“.

Некои од улиците во областа се затворени и на граѓаните им e препорачано да го избегнуваат подрачјето.