Средниот Запад на САД погоден од арктичка зима

Американскиот Среден Запад е погоден од снежна бура проследена со исклучително ниски температури, поради што не работат училиштата и повеќе фирми.

Во сојузните држави Минесота и Висконсин наставата е во прекин од вчера, а не работата ниту федералните и локалните служби и повеќе фирми, бидејќи беа најавени поларни температури од минус 54 Целзиусови степени, придружени со силни ветрови.

Стотици летови се откажани и на двата аеродрома во Чикаго.

Метеоролозите предвидуваат дека студената воздушна маса, позната како „поларен вртлог“, која кршнала од вообичаената патека, да се задржи на тоа подрачје до четврток.

Ова не е првпат регионот на Големите Езера и северните држави на Средниот Запад да биде погоден од вакви екстремни студови, за што придонесува рамничарскиот терен и недостиг на високи планински масиви, што им овозможува слободно движење на поларните воздушни маси.