Луксузен подарок за денот на вљубените – пливање со кит ајкули во Мексико!

Во топлите води на источниот брег на Мексико, можете да ја искористите оваа можност, да пливате со големи риби за време на експедицијата која трае четири дена, со професионални фотографи кои ги документираат сите важни моменти …

Пливајте со елитната група четири денови, заедно со најголем број на кит ајкули со кои можете да се сретнете насекаде во светот. Со животен век од 100 години, кит ајкулите дневно се хранат со 38 килограми туна и планктони. Нивната должина може да достигне до 20 метри, поради што едноставно, асоцираат на некоја недопирлива моќ и стравопочит.
 

Експедицијата за која зборуваме може да угости само четири групи на патници годишно, со максимум шест лица. Трошоците за патувањето се околу 88.000 долари, а според мислењето на експертите, тоа е совршен романтичен подарок за Денот на вљубените.

Ајкулите со кои ќе се сретнете се нежни џинови, а вашите патишта ќе се вкрстат за време на нивната миграција. 
 

Целото патување, од моментот кога ќе слетате во Мексико, е исполнето со чист луксуз. Ќе останете во луксузниот хотел во Исла де Мухерес, ќе јадете најдобра храна, а ќе се будите со неверојатен поглед кој ќе ви недостасува кога ќе се вратите дома.

 

Додека уживате во подводниот свет, многу е веројатно дека ќе се сретнете, покрај кит ајкулите и со гигантски раџи кои се сосема безопасни и нежни. Исто така, може да налетате на желки, делфини и многу други припадници на морскиот универзум.