Нова анкета: Адвокатот Наумоски сам против Танески и Георгиевски?

Деновиве во Охрид интензивно се прават анкети со кои се мери рејтингот на поедини личности кои се спомнуваат во јавноста или се посакуваат од политичките центри како потенцијални кандидати за претстојните Локални избори кои ќе мора да се одржат најдоцна до мај 2019 година.

Во последната се мери рејтингот на двајца кандидатот од СДСМ, актуелниот в.д. Градоначалник Константин Георгиевски, Претседател на СДСМ Охрид и успешен менаџер и инвеститор во хотелски бизниси Лазе Танески од една страна, а од друга познатиот адвокат и бизнисмен Мишел Наумоски кој дел од ВМРО ДПМНЕ. 

Охрид 1 неодамна објави дека како и пред секои избори во сите партии работат повеќе лоби групи, интересни групи, центри на моќ но и т.н. партиски „кујни“ кои сервираат се и сешто како меѓу членството, така и пред раководната структура, но во ова предизборие опозицијата доколку направи грешка скапо ќе ја плати и ќе се доведе во ситуација да испушти голема шанса да ја раздрма власта на СДСМ по вертикала од Охрид до Скопје.
Во следниот период дефинитивно партијата ќе го одреди името со кое ќе трча на изборите, а до сега се спомуваат повеќе имиња, меѓу кои како најсериозни се сметаат неколку познати доктори од градот и адвокатот Мишел Наумоски.

И додека во јавноста од партиските кујни се пуштаат имиња од разли лица кои некој центри сакаат да ги кандидираат, единствен чове код големата партија ВМРО ДПМНЕ кој јавно, јасно и недвосмислено кажа дека сака да се кандидира за градоначалник е познатиот охридски адвокатот.

Тој во интервју за порталот „Скопје 1“ недвосмислено потврди дека сака да е кандидат за градоначалник, а јавно изнесе и делови од својата програма, која ја објавува етапно.

Интересот за познатиот адвокат се покажа како голем, а интервјуто една седмица беше во топ 3 најчитани вести на порталот.

Мишел Наумоски има широк круг пријатели и надвор од ВМРО ДПМНЕ, во партијата опонент СДСМ, како и во бизнис заедницата. Тој со неговиот брат Антонио се многу добро прифатени во бизнис заедницата не само во Охрид, туку и во земјава. 

Посебно интересно за нив е тоа што се отворени, прецизни во своите планови, директни и искрени. Заедничко за браќата Наумоски е тоа што Охрид и охриѓани се приоритет. Многупати за интересот на градот вложуваат приватни средства и искористуваат пријатели, а скромноста оди до таму што и кога ќе ги прашаме за некои акции, одговорот е идентичен, „Се за Охрид“.