Снег провејува на Ѓавато, Буково и во Маврово

Од 7:15 часот укината е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар. Забраната беше воведена поради врнежи од снег.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од ЈП Македонија Пат. Снег провејува на Ѓавато, Буково и во Маврово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината на движење е ограничена на 40 km/h.