Градоначалникот ќе ги повлече точките за легализација, открил низа неправилности

Охрид 1 дознава, градоначалникот Констрантин Георгиески денеска ќе ги повлече точките за легализација  на објекти во Љубаништа, Трпејца, Пештани, Кољско, Косел, Ливоишта, Лакочереј, Лескоец.

Дознаваме дека градоначалнкикот во очи на седницата ја прочешлал целокупната документација за овие точки  и открил бројни неправилности. Констатирано е дека службите направиле бројни малверзации  како впишување на објекти за легализација на ливади, каде воопшто нема објект. 

Дали ова во опптината ќе отвори нов случај на злоупотреба на службената положба, како оној со земјотресите?

Се наметнува прашањето, како службениците во општина Охрид со децениско искуство, успеваат да го манипулираат градоначалникот и државата? И дали се враќа ерата на корупција во советот бидејќи советниците го озаконуваат она што го работат службите?