Константин Георгиевски ги повлекува точките за легализации во Градиште

На седницата на Советот на Општина Охрид која е закажана за денес ќе бидат повлечени и точките за легализација на објекти во рамки на авто кампот „Градиште“.

Овие точки ќе бидат повлечени и вратени на доработка.

Земјиштето во Авто Кампот Градиште е предмет на денационализација каде околу 70 фамилии бараат да им биде вратена земја која била национализирана во ерата на комунизмот, но нивната голгота трае веќе 2о години и тие не можат да го вратат тоа што е нивно.

Точките за легализација се однесуваа на објекти во рамки на кампот и тоа, слаткара, тоалети и самопослуга.

Доколку помине оваа легализација, тогаш фирмата која стопанисува со кампот ќе може да изврши приватизација на земјиштето , со што дополнително ќе се искомплицира процесот на денационализација кој и онака е целосно заглавен.